Пендровски: Нашата демократија се изроди по половина век авторитарно владеење

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на пленарната сесија на Самитот за демократија, што се одржува виртуелно во организација на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден.

-Оваа година, Северна Македонија одбележува три децении од Денот на независноста, од времето кога ја прифативме демократијата и ги заштитивме со нашиот Устав – слободата, основните човекови права и правда за сите. Нашата демократија се изроди по половина век авторитарно владеење. По падот на комунизмот, во исто време поминавме низ сложен процес на градење на држава и на демократија, вели Пендаровски во своето обраќање.

За разлика од земјите од Централна и Источна Европа кои ги уживаа придобивките од европското обединување, тој истакна дека Северна Македонија, и покрај тоа што успешно ја избегнала граѓанската војна, била дел од регионот во Европа каде што биле извршени најужасните воени злосторства по Втората светска војна.

Во своето обраќање Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, говореше и за регионалното влијание врз мулти-културното општество, со кое успеале да изградат и одржат функционален модел на мултиетничка демократија.

-Стратешките цели за членство во НАТО и Европската Унија беа силен поттик дополнително да се зајакне довербата на граѓаните во демократскиот модел на управување. Сепак, во последната деценија, на сите континенти, дури и во утврдените  демократии, посведочивме пораст на популизмот и авторитарните тенденции кои ја предизвикуваат демократијата и ја прават ранлива, вели претседателот.

Тој истакна дека не постои алтернатива и не треба да се губи време. Според него, ревитализацијата на демократијата е од суштинско значење за справување со овој предизвик без преседан во времето.

Поврзани новости