И Маричиќ му даде поддршка на Ковачевски

by Фокус

Во недела ќе имаме избори во СДСМ, а јас јавно давам поддршка на Димитар Ковачевски, бидејќи потребно ни е единство и одговорност, порача министерот за правда Бојан Маричиќ, кој е и секретар за меѓународна соработка на СДСМ.

-Ако се обединиме за заедничка цел да победиме на наредните избори имаме шанса за тоа. Ни треба стабилен период во СДСМ, бидејќи имаме доволно време до парламентарните избори да испорачаме видливи резултати за граѓаните. Ни треба најважниот избор за консолидирање. Јас сум на располагање на новиот лидер и во партијата и во Владата, но тоа е прашање до новиот лидер – истакна Маричиќ на ТВ 24.

Според него, меѓународната јавност јасно става до знаење дека Зоран Заев треба да остане на функцијата, иако, како што вели, ја почитуваат неговата одлука да се повлече.

Поврзани новости