Педагозите и психолозите во школите да не бидат обременети со администрација и да се тестираат, бара Сојузот на средношколци

by Fokus

Неколку препораки за работата на педагозите, психолозите и специјалните едукатори, изнеле вчера од Сојузот на средношколци на средбата во Министерството за образование и наука (МОН) која беше дел од првата фаза консултации за креирање мерки и надополнување на постоечките механизми за детекција и спречување на меѓуврсничко насилство.

Средбата следуваше по масакрот што се случи во средата во основното училиште „Владимир Рибникар“ во Белград каде 13-годишник уби девет лица (чуварот и осум деца) и рани седум (наставничка и шест деца).

Средношколците сметаат дека мора да се делува брзо и ефикасно за да се превенираат негативните ефекти и да се избегне домино ефект.

Првото барање кое го изнеле од Сојузот е МОН да стапи во соработка со МВР за да се засили обезбедувањето во школите, додека останатите предлози се однесуваат на работата на стручните служби во школите.

„Праксата покажува дека училишните психолози се обременети со административна работа, што ги спречува да комуницираат со корисниците на нивните услуги – учениците. Водејќи се од позитивните примери присутни во некои училишта во нашата земја, Сојузот предлага нов модел на работа на училишните психолози. Имено, нивните канцеларии треба да бидат отворени за средношколците, а тие треба да го имаат правото да закажат тет-а-тет средба со својот училиштен психолог“, велат од Сојузот на средношколци.

 

Поврзани новости