Панчев: Кој воопшто гледа ракомет во Европа?

by fokus

Еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата, Дарко Панчев во интервју за Би-Би-Си на српски јазик, говореше за актуелната состојба во спортот во Македонија, додавајќи дека нема баш високо мислење за ракометот во Македонија.

„Кој во Европа воопшто гледа ракомет? Да се споредува ракомет со фудбал е како да споредувате професор од средно училиште во Скопје со Ајнштајн. Нашите луѓе се гладни за успех. Да играме во европско финале во куглање, ќе имаме полна сала“, истакна во свој стил Панчев.

Нашата фудбалска селекција игра со Косово на 26-март, кој е клучен дуел од плејофот во Лигата на нации за пласман на Евро 2020.

„Нашите ги победија Гибралтар и Лихтенштајн и селекторот вели дека се најдобри во историјата. Па зарем е тоа вистина ако сте го победиле Гибралтар. Но, во секој случај се надеваме на ЕП 2020. Косово прикажува солидни парти, има неколку добри играчи, но мое мислење е Македонија е апсолутен фаворит. На Балканот, за жал, спортот е секогаш во втор план. Се надевам дека на мечот во Скопје ќе биде мирно и без инциденти“ –  вели Панчев.

Фото – Црвена Звезда (Ју тјуб канал)

Поврзани новости