Огревно дрво на рати за кичевските пензионери, пријавување до крајот на неделава

by Fokus

Кичевските пензионери имаат можност да се снабдат со огревно дрво на осум еднакви рати преку Здружението на пензионери од Кичево. Рокот за пријавување е до крајот на неделава. Испораката ќе биде преку подружницата на Шумско стопанство „Лопушник“ од Кичево, од април до септември.

Преседателот на Здружението на пензионери од Кичево Душан Ристоски истакна дека на нивните членови и годинава им овозможуваат снабдување со огревни дрва на рати и по различни цени во зависност од видот на дрвото.

-За една рата дабово дрво ќе треба да платат по 2.200 денари, додека ратата за буково дрво е нешто помала и изнесува 2.130 денари. Оние пензионерите што ќе сакаат да земаат цел камион, нивната рата ќе биде двојно повисока односно 4.400 денари за дабово и 4.260 денари за буково дрво. Во цената е пресметан и истоварот на дрвата на адресата на нарачателот. Испораката на огревното дрво ќе биде од април, а најдоцна до средината на септември и ќе ја изврши подружницата на Шумско стопанство „Лопушник“ од Кичево, рече Ристоски.

Поврзани новости