Пад на акциите на Ејпл по забраната во Кина

by Fokus

Акциите на Ејпл паѓаат втор ден по ред по информациите дека на кинеските владини работници им е забрането да користат Ајфон.

Вредноста на берзата на фирмата падна за повеќе од 6%, или речиси 200 милијарди долари, во последните два дена.

Кина е трет по големина пазар на технолошкиот гигант, со 18% од вкупниот приход лани. Тоа е, исто така, местото каде што повеќето од производите на Ејпл се произведени од нејзиниот најголем снабдувач Фокскон, јави Би-би-си.

Волстрит журнал во средата објави дека Пекинг им наредил на претставниците на централната владина агенција да не внесуваат ајфон телефони во канцеларија или да ги користат за работа.

Следниот ден, Блумберг њуз објави дека забраната може да биде наметната и на работниците во државните компании и агенциите поддржани од владата.  Извештаите дојдоа пред претставувањето на Ајфон 15, кое се очекува да се одржи на 12 септември.

Нема официјална изјава од кинеската влада како одговор на извештаите.

Ејпл има највисока берзанска вредност во светот, која изнесува близу 2,8 трилиони долари.

Поврзани новости