Слободен влез во музеите, галериите и на локалитетите, бесплатни културни настани за Денот на независноста

by Fokus

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, под мотото „Гласник на слободата“, Министерството за култура се приклучува во централната прослава, организирана од Владата, со многубројни пригодни манифестации, изложба, концерти на млади уметници и на оперски арии, проекции на наградувани филмови од македонската понова продукција. Под наслов „Отворен ден за граѓаните“, ќе бидат отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии и археолошки локалитети.

-Сите заинтересирани граѓани низ државата, ќе имаат можност да ги посетат археолошките наоѓалишта Стоби, Хераклеја, Баргала, мегалитската опсерваторија Кокино,  музејот Охрид, музеите и заводите во Прилеп, Битола, Штип и Струмица, музеите на Куманово, на Крушево и на Гевгелија, како и во Тетово: Музејот на Тетовскиот крај и Уметничката галерија.

Спомен-куќата на Тодор Проески во Крушево, во Битола музејот на албанската азбука  и Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј, во Кичево во музејот на Западна Македонија во НОВ, з во Струга ќе биде бесплатен влезот во музејот д-р Никола Незлобински.

Во Скопје ќе бидат отворени за посета, Археолошкиот, Природонаучниот музеј, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Северна Македонија, Музејот на современата уметност, Националната Галерија на Северна Македонија, Спомен-куќата на Мајка Тереза како и Црквата Св. Спас.

Во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се оддржи концерт, а  Националната опера и балет се приклучува во прославата со концерт на познати оперски арии, кој вечера е се одржи пред платото на институцијата.

Поврзани новости