Отстранет тумор на подлактница кај 17-годишно момче, прва операција во земјава

by Fokus

На Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ во Скопје успешно е извршена операција на 17-годишно момче што имало тумор на десната подлактница, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

На момчето му била вградена коска од починат донор.

-Тимот хирурзи под раководство на проф. д-р Милан Самарџиски го отстрани во целост туморот од долниот крај на радиусот и го замени со коска од починат донор. Ова е прва операција од ваков тип на Клиниката за ортопедија и во земјава, велат од МЗ.

Здравствените власти велат дека со вклучувањето на Клиниката за ортопедија во Програмата за трансплантација на органи и ткива се отворени можностите со ткиво од починат донор да се спасат животи на голем број пациенти што имаат травматски повреди, тумори и други дијагнози.

Поврзани новости