Османи: Разочарани сме од Иванов, но не загрижени, Законот за јазици повторно ќе ги изгласаме

by fokus

За вицепремеирот за европски пршања Бујар Османи, одлуката на претседателот, Ѓорѓе Иванов, да стави вето на Законот за употреба на јазиците, е очекувано. И покрај тоа Османи вели дека е разочаран од претседателот на државата.

– Разочарани сме иако не дека не беше очекувано, но сепак мислевме дека ќе го искористи моментумот да прати порака – рече Османи во одговор на новинарско прашање по средбата со косовската министерка за евроинтеграции Дурата Хоџа во просториите на СЕП.

Тој посочи дека претседателот треба да биде кохезивен центар на општеството кој треба да ги спои етничките заедници и различните општествени групи.

– Таа улога не ја одигра во последните осум до девет години. Имаше можност овие  денови во неговата последна година да испрати порака  на кохезија и сплотување, како и за отворање на перспективата на државата, но очигледно е дека не може да излезе од неговата матрица на функционирање. Сепак, и покрај тоа што не разочара, не не загрижува, бидејќи повторно ќе го изгласаме законот во Собранието во наредните денови – изјави Османи.

Поврзани новости