Грчка Влада: Преговорите не се фудбалски натпревар, сакаме решение во кое сите ќе бидеме победници

by fokus

Владата сака и ќе направи сѐ што може за да се реши прашањето со името на ПЈРМ без да ги стави во опасност националните интереси, вели портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос.

Во интервју за радиото „24/7“, јавува дописникот на МИА од Атина, тој објаснува дека преговорите не се фудбалски натпревар за да има победник или поразен.

– Сакаме решение во кое сите ќе бидеме победници – рече Ѕанакопулос.

Портпаролот на грчката влада, во интервјуто за радиото, ја повторува грчката позиција за сложено име за севкупна употреба.

Извор: МИА

Поврзани новости