Османи: Одлуката не сум ја донел како Албанец, туку како Европеец

by Fokus

Не сум донел одлука спротивна на интересите на државата. Одлуката не сум ја донел како Албанец, туку како Европеец, истакна денеска вицепремиерот Бујар Османи, кој одлучи да не оди на конференцијата во Босна и Херцеговина, само затоа што Косово не е покането.

„Стратегијата донесена од ЕУ предвидува перспектива за сите земји од Балканот. Една од шесте носечки инцијативи е помирувањето. Било каква инцијатива, која не се залага да има помирување не поддржувам. И да не беше повикана Србија, немаше да учествувам. Не може да се отфрла било која држава, треба да учествуваат сите“, вели Османи.

Од Владата излегоа  со став дека Османи сам донел одлука да не учествува на конференцијата.

Поврзани новости