Турчин починал во тешка сообраќајка кај Гостивар кога автомобилот се превртел, уште двајца се повредени

by Fokus

Во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Гостивар загинал еден Турчин, а двајца се повредени, информираа од МВР.

Според полицијата, денеска околу 12 часот, на автопатот Тетово-Гостивар, патничко моторно возило марка “Алфа ромео“ со гостиварски регистарски таблички, управувано од турскиот државјанин Б.O.А. (20) излетало од коловозот и се превртело. Во несреќата, на пат кон тетовската болница починал сопатникот во возилото турскиот државјанин Т.У. (22), додека пак возачот Б.А. и вториот сопатник во возилото, исто така турски државјанин, Ч.М.Х. (20), се здобиле со тешки телесни повреди.

По укажаната прва помош во тетовската Клиничка болница, тие двајцата итно се префрлени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. На местото на настанот во тек е увид раководен од надлежен Јавен обвинител од ОЈО Тетово.

Поврзани новости