Османи бара појаснување од Вучевиќ како признавањето на Косово ќе и се удри од глава на Македонија

by fokus

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вечерва реагираше на изјавата на министерот за одбрана на Србија и претседател на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ дека Црна Гора и Северна Македонија ја навредија Србија со признавањето на независноста на Косово.

-Направивте грешка и ќе ви се удри од глава, како што во Украина им се удира во глава на сите кои го промовираа Косово и Метохија како независна држава. Ја отворивте Пандорината кутија. Смешни се вашите бирократски одговори дека Косово е sui generis, дека е посебен случај. Ниту Албин Курти, ниту Тирана не ви веруваат во тоа, изјави Вучевиќ.

По оваа изјава на српскиот министер за надворешни работи, со реакција се јави македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи. Тој на својот Фејсбук профил порача дека Северна Македонија го отфрла мешањето и несоодветните забелешки од функционерите од соседството.

-Се залагаме за регионална стабилност и соработка, вклучително и со Р. Србија и Р. Косово. Очекуваме појаснување од министерот за одбрана на Србија, напиша Османи на Фејсбук.

Поврзани новости