Вучевиќ му врати на Османи: Ние, за разлика од други, го почитуваме територијалниот интегритет

by fokus

Откако македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи најави дека очекува појаснување како признавањето на Косово ќе и се удри од глава на Македонија,  српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ му одговори дека поддршката на Србија за територијалниот интегритет на сите земји-членки на ОН е безусловна.

-Сепак, не можеме да пофалиме ничие непочитување на нашиот сопствен територијален интегритет. Неодамнешните настани ги потврдија нашите предупредувања дека Унилатералната декларација на независност на Косово (sui generis) не е уникатен случаји дека ќе им се врати порано или подоцна. Никој во Србија не ликува за тоа, само ги посочуваме фактите, напиша Вучевиќ.

 

Поврзани новости