Околу шест отсто од луѓето во светот умираат поради физичка неактивност

by Fokus

Недостатокот на вежби и физичка активност негативно влијаат врз луѓето и се одговорни за шест отсто од смртните случаи низ светот.

Ова е констатацијата на докторката Хајла Кајилхан, шефица на оддел за физичка терапија на Факултетот за здравствени науки на Универзитетот Бируни во Турција.

„Физичката неактивност во 25 отсто од случаите предизвикува појава на рак на дојка и дебелото црево, 27 отсто на дијабетес и 30 отсто до болести на срцето. Физичката активност помага единката да се чувствува поенергично и посмирено. Го штити и го подобрува здравјето и спречува срцеви заболувања“, нагласи докторката.

Поврзани новости