Обвинителството бара условна казна за затворските полицајци што го сликале Чавков и ја ширеле фотографијата

by Фокус

По спроведените истражни дејствија, надлежен обвинител од Обвинителството поднесе предлог до судот условна казна од три месеци затвор против две службени лица од скопскиот затвор Идризово, бидејќи неовластено го сминиле поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков.

Како што соопштија од обвинителството, на 30 ноември минатата година првообвинетиот како службено лице што било на стражарска кула го забележал Чавков, па искористил поволен момент и преку прозорското стакло без негова согласност го фотографирал, повредувајќи му ја приватноста.

Потоа, според обвинителството, тој во приватна порака преку социјалните мрежи ги проследил фотографиите на тројца колеги, меѓу кои и на второобвинетиот кој понатаму фотографијата ја проследил на уште двајца униформирани полициски службеници.

Поврзани новости