Обвинетите Груевски и Јанакиески стигнаа на судење

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски пред 10 часот стигнаа во Судот каде денеска почнува првото рочиште за случајот поврзан со нарачаното насилство во Општина Центар, кој го отвори Специјалното јавно обвинителство.

Како обвинител во случајот дојде специјалната обвинителка Фатиме Фетаи. Според СЈО, првообвинетиот Груевски побарал, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да извршат грубо насилство врз градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и врз членови на Советот на општината.

Судијка во случајот е Татјана Михајлова, која овој месец беше назначена за в.д претседател на Основниот суд, откако му заврши мандатот на Владимир Панчевски.

Поврзани новости