Обединетите нации ја заменија референцата ПЈРМ со Северна Македонија

by Фокус

Обединетите нации ја заменија референцата „Поранешна југословенска република Македонија“, со името „Северна Македонија“ во списокот на признати држави. Ваквата промена во ОН е направена на 14 февруари во вечерните часови, кога Министерството за надворешни работи ги достави вербалните ноти со кои информира за настанатите промени со името на земјава.

„Република Северна Македонија согласно обврските од Конечната спогодба ги достави трите вербални ноти: Вербална нота од Постојаната мисија до Протоколот на ОН, Вербална нота од Постојаната мисија до земјите членки и земјите набљудувачи на ОН и Вербална нота од Министерството за надворешни работи до сите меѓународни, мултилатерални и регионални организации, со кои се информира за настанатите промени“, информираа тогаш МНР.

Претходно, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, објави дека Договорот меѓу Атина и Скопје за посредништво со ОН за формално признавање на „Република Северна Македонија” е добредојден историски чекор што треба да го поддржат регионалните и меѓународните земји-членки.

Поврзани новости