СДСМ: За првпат во историјата седнавме на масата на НАТО

by Фокус

За првпат во историјата, наш министер за одбрана седна на масата на НАТО, соопштија од СДСМ откако министерката за одбрана Радмила Шекеринска учествуваше на состанокот на министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на Алијансата.

„Зад нас се годините кога земјава тонеше во изолација, поделби, економско уназадување и неизвесност. Република Северна Македонија конечно е дел од НАТО сојузот, учесник во процесите за глобална безбедност. Граѓаните се горди на историскиот успех, ние сме НАТО“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека во меѓувреме започна и ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во парламанетите на државите членки на НАТО.

„Протоколот веќе е ратификуван од парламентите на Република Грција, Словенија и Република Албанија, а во наредниот период се очекува ратификација и од парламентите на други земји членки. Република Северна Македонија го добива своето заслужено место во НАТО и станува 30 земја членка на Алијансата, што значи безбедност, сигурност и стабилност, но и економски раст, повеќе инвестиции и повеќе пари за граѓаните“, стои во партиското соопштение.

Поврзани новости