Нови снимки: Милошоски ургира кај Вангеловски и се јавува на судии за предмет поврзан со неговиот татко?

by fokus

Попладнево на YouTube беа објавени пет прислушувани разговори во кои се слуша како Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ ургира кај тогашниот претседател на Врховен суд, Јово Вангеловски, а потоа и кај други судии, за судски предмет поврзан со неговиот татко, односно со Здружението на возачи-Кичево.

Откако Милошоски го прашува Вангеловски дали има повеќе информации за предметот и исходот, Вангеловски го уверува дека му кажал на судијата „за кого и како е предметот“.

Потоа Милошоски се јавува и директно кај судијата кој го води предметот, а и кај уште едно женско лице, најверојатно судијка.

Има снимка и меѓу Милошоски и неговиот татко, во која разговараат за судскиот процес.

Сите разговори се објавени на ЈуТјуб каналот „ГолиТру“.

Поврзани новости