Нови 6 заболени од корона вирусот, вкупната бројка се искачи на 76

by Фокус

Министерството за здравство информира дека попладнево се дијагностицирани 6 лица позитивни на корона вирус, со што вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на корона вирус во земјата е 76.

Во текот на денов, потврдени се и 2 сопружници од Кавадарци – позитивни на вирусот, а во процес на тестирање е уште 1 лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи.

Досега се регистрирани заболени од Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци.

Поврзани новости