Обвинителството изрече парични казни за 4 лица, не издржале 14 дена во самоизолација

by Фокус

Три лицa од Прилеп, едно од Кичево и едно од tетовско Чегране ќе платат парични казни бидејќи не ги почитувале препораките на надлежните институции во бoрбата за сузбивање на корона вирусот. Како што соошти Јавното обвинителстов, 3 лица од Прилеп сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, односно не постапиле согласно изјавите за самоизолација.

„Обвинетите на 17 март оствариле влез во Република Северна Македонија од држави со среден и висок ризик за ширење на коронавирусот и согласно мерките биле должни во период од  14 дена да не го напуштаат престојувалиштето кое го пријавиле како место каде ќе ја спроведат задолжителната самоизолација. При вршење на контрола од страна на полициските службеници на 19 март, обвинетите не биле затекнати во нивните престојувалишта“, соопштија од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство Гостивар до Основниот суд во Гостивар, пак, поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице, кое од 13 март било должно да биде во задолжителна домашна самоизолација во траење од 14 дена, но не постапило според прописите и упатствата, односно на 19 март тој излегол од неговиот дом во селото Чегране и се движел низ населеното место, при што бил затекнат од полициски службеници. Слична санкција му е изречена и на жител на Кичево, кој на 15 март влегол во земјава од Австрија, но и тој не ја испочитувал обврската за 14-дневна самоизолација.

Поврзани новости