Нови 163 случаи со Ковид-19 и 110 оздравени пациенти

by Fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 922 тестови, а регистрирани се 163 нови случаи со КОВИД-19 и 110 оздравени пациенти.

Од вкупниот број на позитивни (163), регистрирани се 24 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ регистрирани се две починати лица од Скопје (68 г и 73г), починати на ден 05.06.2022 во домашни услови, соопшти Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 2.081.796 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 314.018, бројот на оздравени пациенти е 303.893, на починати е 9.325, а на активни случаи изнесува 800.

 

Поврзани новости