Новата американска амбасадорка Кејт Брнз пристигна во земјава

by Фокус

Новоименуваната амбасадорка на САД во земјава Кејт Брнз денеска пристигна во земјава и го оствари првиот работен ден во канцеларијата, објави американската Амбасада на официјалниот фејсбук профил.

„Амбасадорката Брнз оваа недела ќе му ги претстави своите препораки на претседателот Пендаровски“, стои во објавата.

Инаку, Брнз на оваа позицијава доаѓа од Атина, каде од септември 2017 до мај 2019 година беше заменик шеф на мисијата на САД во Грција, а претходно беше постојан претставник на мисијата на САД во ОБСЕ во Виена.

Поврзани новости