Ноќеска неколку инциденти кон полицајци – ги напаѓале и се однесувале агресивно

by fokus

Ноќеска се пријавени неколку инциденти во кои лица ги напаѓале или се однесувале агресивно кон полицајци кои извршувале службени дејствија, најчесто во угостителски објекти.

Едниот инцидент се случил утрово во 4.30 часот пред угостителски објект во село Кривогаштани кога лице физички нападнало полицаец.

Другиот инцидент се случил утрово во 7 часот во Тетово, кога полицајци уапсиле дваесет и седумгодишен тетовец кој го нарушил јавниот ред и мир и оштетил стакло на угостителски објект. Се однесувал и агресивно кон полицајците кои извршувале службени дејствија.

Во 1.30 часот во Кавадарци полицајци привеле двајца кавадарчани затоа што се степале пред кафуле. Еден од нив им се нафрлил на полицајците по што ќе му биде поднесена пријава.

И во Берово триесет и шестгодишен беровчанец се однесувал агресивно кон полицајци.

Против сите ќе бидат поднесени пријави.

Поврзани новости