Напредува истрагата за „Трансмет“, се чека одговор за Ајро

by Фокус

Шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска откри дека има напредок во предистрагата поврзана со „Трансмет“ на Сеад Кочан по поднесени известувања на Државното правобранителство, кое ги обвинува надлежните обвинители за пропадната конфискација тешка 17 милиони евра.

Покрај тоа, правобранителството поднесе и кривична пријава против надлежните обвинители Гаврил Бубевски и Артан Ајро и директорот на Финансиска полиција, кој порано во СЈО бил истражител на случајот, во однос на која, како што рече Русковска на Телма, исто така се постапува.

Притоа, таа посочи дека со оглед дека чекаат одговор од Јавното обвинителство дали при постапувањето во однос за Ајро би постоел судир на интереси, со оглед дека тој е дел од обвинителсвото за организиран криминал.

Поврзани новости