Ниту еден македонски универзитет не е меѓу првите илјада на Шангајската листа

by Fokus

Во академското рангирање на светските универзитети, на т.н. Шангајска листа ( Shanghai Ranking Consultancy), во првите илјада универзитети во светот нема ниту еден од Македонија.
На врвот на оваа престижна листа се универзитетите од САД – Харвард, Стенфорд и Институтот за технологија Масачусетс (МИТ).

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ е највисокорангиран од македонските високобразовани институции, на 1.964 место.

Универзитетот во Белград е рангиран од 301. до 400. место, универзитетот во Загреб е рангиран од 401. до 500. место, а универзитетот во Љубљана е рангиран од 601 до 700. место.

Ова се најдобри 10 универзитети во светот според Шангајската листа:

1. „Харвард“, САД
2. „Стенфорд“, САД
3. Технолошки институт во Масачусетс, САД
4. Универзитет во Кембриџ, Обединето Кралство
5. Универзитет на Калифорнија во Беркли, САД
6. „Принстон“, САД
7. Универзитет во Оксфорд, Обединето Кралство
8. „Колумбија“, САД
9. Технолошки институт во Калифорнија, САД
10. Универзитет во Чикаго, САД.

Поврзани новости