Николоски: Среде пандемија, Рашковски и Николовски заминаа на одмори кои чинат колку еден стан

by Фокус
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски бара оставки во Владата откако, како што вели, секретарот Драги Рашковски и вицепремиерот Љупчо Николовски заминале на одмор во време на пандемија.
„Вториот и третиот човек во Владата на Заев си одат на одмори во Мексико и Дубаи. Одмори кои чинат колку еден стан. А народот седи дома во карантин и чека вакцини кои за жал нема да дојдат. Оставки веднаш, неспособноста и алчноста чини човечки животи“, напиша Николоски на фејсбук.

Поврзани новости