Николоски: Ќе донесеме закон за испитување на имотот на сите политичари

by Frosina Fakova

Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во четвртата изборна единица, Александар Николоски на денешниот митинг во општина Новаци рече дека трет ден го повикува лидерот на владејачката Зоран Заев да каже дали е во можност да го докаже потеклото на неговиот личен капитал и богатство и потеклото на богатство на неговото семејство.

-Значаен дел од нашата програма зазема делот за владеење на правото и правна држава. Трет ден по ред Заев бега да одговори. Имаме проект што се вика испитување на капиталот и богатството на сите политичари и јавни личности во изминатите 30 години. Пред неколку месеци претседателот на нашата партија и идниот премиер Христијан Мицкоски ова го презентираше јавно, сега е дел од нашата програма и ќе го спроведеме, рече Николоски.

Поврзани новости