Никола Груевски со поддршка од 102,5 отсто од граѓаните

by lali

Македонскиот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ја ужива довербата на 102,5 проценти од граѓаните во Македонија, покажа последното испитување на јавното мислење. Анкетата ја спровела манифестацијата “Ромски бал”, а е поддржана од ЕУ, НАТО, Обединетите нации, УНЕСКО, Советот на Европа, ФИФА, УЕФА, Арапската лига и Конфедерацијата на независни синдикати на месна заедница Зелениково.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги поздрави резултатите од анкетата и соопшти дека тие се резултат на крадењето, односно на градењето 24/7. Во врска со коментарите дека поддршката за 2,5 отсто го надминува вкупното население во Македонија, тие велат дека тој процент се движи во рамките на статистичката грешка и дека нема да се разочараат ако на изборите наместо 102,5 отсто од гласовите добијат 100 отсто.

Илија Димовски од Центарот за комуникации на партијата вели дека гласините за мртви лица во избирачкиот список се најобична шпекулација.

– Списокот е отворен за граѓаните. Секое мртво лице кое ќе забележи дека се наоѓа на списокот има право да побара да биде избришано. Се е најтранспарентно, а опозицијата само бара изговори за да го оправда поразот – вели Димовски.

Поврзани новости