Цане Суботиќ за министерот-рекетар

by Фокус 15:17
15:17

Фељтонот за прв пат беше објавен во август 2010 година.

- Advertising -

Ништо помалку илустративна е и неговата изјава до белградското обвинителство за организираниот криминал од понов датум, кој се однесува на приватизацијата на најтиражниот српски дневен весник „Вечерње Новости“, чиј неуспешен епилог резултираше со најавата на германски ВАЦ за напуштање на српскиот пазар на печатени медиум.

Неодамна, Суботиќ напиша уште една кривична пријава, овој пат за екс-министерот на српската полиција, Душан Михајловиќ.

Се вратив во Швајцарија, ги информирав адвокатите и одлучив да прекинам да контактирам со нив. Го повлеков и Зоран Бечировиќ од проектот „Ц- Маркет“.

Михајловиќ, веројатно задоволен од добиените пари, сега беше уште повеќе уверен дека ќе добие уште, па ми праќаше пред се љубезни и пријателски пораки. Се обидуваше да ме добие и по телефон, но, јас не се јавував, ниту му одговарав на примените пораки. Меѓутоа, тој постојано ми испраќаше пораки.
Неведувам само некои од десетината пораки добиени во тој период:

Од + 381642574673 од 2 јуни, 2004, 08:07
Кога ќе се чуеме?

Од + 38163255500 од 28 јуни, 2004, 11:08
Те чекам да се чуеме.

Од +38163255500 од 7 јули, 2004, 11:41
Што е со мојот пријател? Зошто го нема?

Меѓутоа, јас ја прекинав сета комуникација со Михајловиќ.
После состанокот одржан со моите адвокати, заклучивме дека има доволно елементи за поднесување на кривична пријава, но, сепак најисплатливо беше тоа да се направи во Србија. Не само поради местото на престој на Михајловиќ, туку и поради фактот што рекетирањето е направено користејќи ја положбата министер на полицијата во Србија, дело кое ќе мора да се гони по службена должност.

 

ГИ ЗАЧУВАВ СИТЕ СМС-ПОРАКИ!

Ја напишавме кривичната пријава, се договорив со адвокатите од Србија околу предавањето на истата во обвинителството. За да не ја предадам тужбата во тоа време, ме натераа повиците од мојата фирма, каде што моите вработени ме информираа дека извесниот обвинител Павловиќ е во договор со веќе споменатиот тандем Бранко Глушиќ и Богдан Пушиќ, кои подготвуваат тужба против мене и мојата фирма.

Се работеше за денови, искоординирано од Коштуница, па, поради тоа, сепак најдобро беше да се обидам да дојдам до договор со Михајловиќ, за да ги спречам непотребните непријатности.

Инаку, пораката – да се договорам со Михајловиќ, доаѓаше од крајот на 2003 година (додека беше министер), па се до почеткот на 2005 година (кога министер не беше веќе една година). Имињата на луѓето кои пораките ми ги проследуваа и „добронамерно“ ме советуваа да се договорам со Михајловиќ, како и бројните СМС-пораки на таа тема, ги поседувам и ги чувам. Сето ова го имаат и моите адвокати и ние сме подготвени да ги доставиме на било кого од обвинителството, доколку се покрене истрага по повод ова тешко кривично дело.

Втората причина за моето откажување од поднесување на тужба против Михајловиќ во Белград, беше тоа што на власт веќе неколку месеци беа Воислав Коштуница и неговата екипа. Некои од нив, обвинети за вмешаност во убиството на Зоран Ѓинѓиќ, ги добија најважните државни функции, управуваа со полицијата, тајната полиција, војската, правосудството, обвинителството…

Затоа ми делуваше бесмислено јас да поднесувам тужба против оние кои со години ме прогонуваа, пред се, против лицето кое со нив направи „дил“. Тоа на сите во градот им беше општо познато! Се откажав од тужбата во Србија и барав модалитет, како тужбата да ја пренесам во некоја од земјите, каде што такво кривично дело Михајловиќ исто така имаше направено?

Во август, 2004 година, со моето семејство бевме во Уб да ги посетам родителите и фамилијата. На аеродромот ме задржаа и ме тргнаа на страна, повторно со некого разговараа по телефон, ме пуштија да чекам и после половина час ми го вратија пасошот. Без зборови или било какво објаснување за тоа зошто сум задржан, ме пуштија да влезам во земјата.

Не поминаа неколку денови и ми стигна порака од Душан Михајловиќ:

Од + 38163255500 на 11 Август, 2004, 21:18
Зарем е возможно, пријателот да не ми се јавува?
Поради ветувањата или озборувањата од кои нешто начив?
Се надевам дека си поинаков од виденото.
Но, ти одлучуваш!

Иако не одговорив на пораката, ден или два подоцна, на фискен број во куќата во Уб (кој што ниту јас не го знаев), ми се јави Душан Михајловиќ и ме замоли да дојдам во црквата во Уб, за да се видиме, бидејќи работата била многу, многу итна!

 

ШТО Е ОВА, АКО НЕ Е РЕКЕТ?!

Во црквата Михајловиќ разговараше во поповите, но, кога јас влегов бараше да се издвоиме и насамо да поразговараме. Веднаш започна бесно да мавта со рацете и гласно ми се обрати:

– Зошто на Беба му раскажа за нашите состаноци и договори?! Дали си луд?! Дали сакаш да завршиш во затвор?! Сите сме бесни и лути! Почна да се зборува дека јас со помош на истрагата те рекетирам и уценувам! Ме повика Батиќ и ми рече да престанам да те рекетирам!! Еј, дали ти знаеш што направи?! Беба на сите им раскажа, на новинарите, судиите, полицијата, политичарите… Сега си готов…,!

Му кажав дека во Соко Град нѐ видоа милион луѓе, во Ваљево исто така, дека сите знаат дека ми се пакува и монтира обвинение како последица на лажната истрага која што тој ја нарача, дека сето тоа сите го знаат и логично е самите да извлечат таков заклучок.

Тој викаше, тврдејќи дека самите не можеле да дојдат до таков заклучок :
– Како Беба дозна за „Ц-Маркет“ и за Париз? Од каде Батиќ знае за
20-те милиони евра? Зошто пријателите ме прашуваат дали навистина те рекетирам?

Му одговорив:
– Па што е ова Душане, ако не рекет? Нарача тајна истрага против мене, бараше да ми подготват и измислат што е можно повеќе, а потоа ми ја даде истрагата и ми рече дека можеш да ја уништиш, ако ти платам! До сега зеде 250 илјади евра, ми даваш разни сметки на кои бараш да уплатам 15, 20 или 50 милиони евра!? Што е тоа, ако не е рекет?.

Претпоставувам дека не очекуваше тоа да му го кажам, ја смени тактиката, смеејќи се, ме загледа чудно, па ми се обрати:
– Е, мој земјаку, ништо ти не разбра. Не те рекетирав јас тебе, јас тебе сакав да ти помогнам и да те спасам од непријателот. Ти предложив и ти на нас да ни помогнеш, па заедно да го победиме непријателот! За ова што го даде до сега, ем е ситница, ем немаш доказ, освен за 50-те илјади евра што ни ги даде за кампањата. А тоа не е забрането, бидејќи ни ги даде доброволно, ќе најдам десет сведоци да потврдат дека си ме молел да ни ги дадеш парите, а сето ова останато, па ние ти понудивме прилика каде и како да инвестираш… Глупаво е ние земјаците да се расправаме, тое е целта на нашите непријатели… Јас ќе се обидам да го спречам акцијата да биде испратена во обвинителството, а ти биди попаметен од порано…!

 

СИТЕ ЗНАЕА ДЕКА „МРЕЖА“ СЛУЖИ ЗА РЕКЕТ

Меѓутоа, точно беше дека јас во тоа време почнав на сите да им зборувам дека Душан Михајловиќ ме рекетира, дека поради тоа ми следи монтирано обвинение и се трудев тоа што ми се случува да го соопштам на што е можно поголем број на луѓе. Им кажав на Владимир Поповиќ (Беба), на Владан Батиќ, на многумина новинари и деловни пријатели од Белград, но, и на тогашниот шеф на Управата за борба против организираниот криминал (УБОПОК) Младен Спасиќ.

Состанокот со Спасиќ ми го организираше мојот деловен пријател од Белград, Цицмил Милош. На тој состанок со Шефот на криминалот на МУП на Србија, му кажав се што ми се случува со Михајловиќ, за уцените, изнудите, подготовките за обвинение, бидејќи не сакав да му дадам 20 или 50 милиони евра… Младен Спасиќ ми рече дека освен него сите во полицијата знаат дека Душан Михајловиќ ја започнал акцијата „Мрежа“ за да рекетира луѓе.

Знаеле дека Михајловиќ од одреден број на луѓе им има земено пари, дека тој во МУП ги довел Глушиќ и Пушиќ, дека сите тие практично продолжиле да работат на приватната истрага. Спасиќ ми кажа дека тој тука не може ништо да направи, бидејќи новиот министер на полицијата Драган Јоциќ на тоа гледа благонаклонето. Ми кажа дека нему му е многу жал, дека се му е јасно, но дека сепак тоа е надвор од неговите можности!

Михајловиќ цело време ми праќаше пораки и чекаше да му закажам средба. После состанокот со Спасиќ, јас го напуштив Белград и заминав за Швајцарија, а Михајловиќ ми прати порака – да се видиме утредента.
Повторно престанав да одговарам на неговите постојани пораки. На 1 септември ми прати порака:

Од +381631111860 на 1-ви септември,2004, 10:50
Дознав скоро се, збунувачки е и треба да се сложат коцките, бидејќи може да биде многу едноставно.
Би било добро да се видиме и сериозно да го усогласиме дејствувањето.
Но, во проблеми сум до гуша, на сите линии.
Поздрав.

Неколку дена подоцна ми се јави на телефон без идентификација и ме молеше да се видиме, тврдејќи дека има поволно решение за се, пред се, за мене и мојот проблем. Се согласив, но, побарав од него, пред да се видиме, се да провери во детали, бидејќи единствено што ме интересираше беше финалното решение.

Неколку дена подоцна ми прати нова порака:
Од +381631111860, 9 Септември, 2004, 18:35
Комплицирано е, бидејќи има многу играчи, кои без договор, нема да превземат ништо.
Многу работи во најлошо време.
Кога ќе се видиме?!

Во претходен договор со адвокатите и агентите од службата за безбедност, го повикав во Швајцарија и повторно се најдовме во хотелот Долдер во Цирих.

Разговорот започна со негово објаснување како дошло до акцијата:
– Да, земјаку, јас сум виновен, јас го доведов тој Глушиќ во МУП на молба на еден мој деловен пријател од Словенија… На Вук (Миодраг Вуковиќ) му дадов да работи со Глушиќ и Пушиќ. Глушиќ стана многу близок со Богдан Пушиќ, кој е близок со обвинителот Павловиќ од Нови Сад. Сакаа да станат славни… Во се се вмеша и Јоциќ и сега е многу тешко да се среди… Вуковиќ сепак пишува книга… Многу погреши земјаку, што дозволи да дојде до тука, требаше порано да реагираш…!

 

НА СРЕДБАТА ДОЈДОВ ОЗВУЧЕН

Продолжи да ме испрашува, дали сум направил договор со ДСС, во каков однос сум со Коштуница, Јоциќ, Тадиќ, Кас, Човиќ, Мирко Петровиќ… Ми тврдеше дека никаков договор со ДСС нема да ми помогне, ако воопшто сум го направил, бидејќи тој и понатаму држи се под контрола!

Бидејќи на овој разговор со него дојдов озвучен, го испровоцирав и го запрашав дали би можело да се среди и колку тоа би ме чинело?

– Па …Можеби…Ова е последна шанса… би можело се да се среди и сега…но…еее…ова е последна шанса.
Триесет… и се да прекине!

На моето прашање:
Триесет милиони?
Тој одговори:
– Ааа…да, но, да се прекине се!.

На веќе познатата понуда дека парите можам да ги уплатам на сметка на Слободан Радуловиќ или на Вујиќ од Ваљево, или на некој трет ако сакам и дека се мора да биде итно, му одговорив дека ми требаат 2 дена да размислам за да му дадам одговор. Тоа беше последен пат како го видов.

Со собраните докази, одлучив против него да поднесам кривична тужба во обвинителството во Швајцарија. Официјално по писмен пат требаше да ги информирам институциите на безбедност во неколку европски држави. Веднаш после тоа им соопштив на сите кои ги познавав за се што ми правеше Михајловиќ, а преку поединци блиски на тогашната власт, ги информирав скоро сите од власта во Србија.

Во тоа време бев во бизнис ангажман со Драган Мичовиќ (се е во детали опишано во минатиот допис околу Вечерње Новости) преку него, а во врска со рекетирањето од страна на Душан Михајловиќ, ги информирав скоро сите државни функционери – од генералниот секретар Владе Дејан Михајловиќ, директорот на БИА Раде Булатовиќ, министерот на полиција Драган Јоциќ и други. Од полицијата и обвинителството добив уверување дека ќе ги проверат моите наводи и дека ќе ме повикаат да дадам изјава.

Но, од тоа ништо не се случи. Напротив, приватната истрага која ја нарача Душан Михајловиќ со намера да рекетира луѓе, беше преточена во монтирано обвинение што го потпиша вашиот претходник, според кое е започната монтирана судска постапка, која сеуште ја брани и застапува обвинителството на чие чело сте.
Оваа изјава е во директна врска со изјавата која ви ја предадов на 25-ти мај оваа година, бидејќи на основа на истрагата на акцијата ,Мрежа, и криминалните активности на Душан Михајловиќ, неговите блиски соработници, министрите на Слободан МилошевиќМилан Беко и Мирослав Мишковиќ, го продолжија започнатиот процес на уцена и изнуда.

Со други методи, преку бизнис активности, успеаја да ми одземат неколку десеттици милиони евра, а монтираната истрага која ја направи нивниот пријател, исто така член на организираната криминална група, ја користеа како средство за уцена, што во минатиот допис ви го опишав во детали!

 

ШКОЛСКИ ПРИМЕР ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАСТА

Дека се е направено за да ми се одземе дел од богатството, сведочи и фактот дека од сите групи кои иницијално се означени во акцијата „Мрежа“, во обвинителството се предадени само 6, од кои наводно е започната истрага против 3, за во пракса се да се сведе единствено и исклучително на судски процес против мене, каде на сите начини, незаконски и на сила, се обидуваат да го докажат недокажливото.

Притисокот на полицијата врз сведоците, доставувањето на фалсификувана документација, медиумските пресуди, политичките притисоци од највисоките државни функционери, дури и пред покренувањето на обвинението, направија приватната акција на Михајловиќ да се претвори во шарада и средство за дополнителни притисоци врз мене во дневно-политичките намени.

На прашањето од новинар, дали ќе бидат процесуирани 8-те групи кои се опфатени со истрагата и преку 200-та лица, кое беше упатено до вашиот претходник Слободан Радовановиќ, тој ја даде следнава изјава:

– Сите лица кои се вмешани во илегалниот промет на тутун на српскиот пазар, ќе бидат опфатени со истрагата и акцијата. Немојте да ме доведете до ситуација да лицитирам и да ги неведувам поединечно, но, сепак ви кажувам: сите лица ќе ги опфатиме.

Од тогаш се поминати повеќе од три години, јавноста и Вие знаете дека тоа не се случи, дека се извлекоа вистинските и најголемите шверцери на цигари и истите тие денес се истакнати стопанственици и финансиери на политички партии. Единствениот процес кој се води по повод таа акција, пред се е процесот против мене и моите соработници во судот за организиран криминал за кривично дело ,злоупотреба на положба во приватна фирма.

Немам намера да се полемизирам со Вас околу обвинението и начинот како е тоа напишано, но, сметам дека е невозможно да не се земат предвид фактите кои се наѓаат во овој допис. Фактите доведуваат до податоци кои со вршење на кривични дела, станаа составен елемент на обвинението, кое и ден-денес го застапува обвинителството на чие чело сте Вие.

Самите Вие имате изјавено повеќе пати дека никој нема да биде заштитен од вршење на кривични дела, без оглед на положбата и функцијата, дека во борбата против организираниот цриминал е најважно да се откријат и да се санкционираат функционерите, кои, користејќи ги функциите на власт, го овозможуваат и го штитат криминалот.

Пред Вас е школски пример на такво злоупотребување на власта, едно од најопасните дела на организиран криминал: рекетирање, уценување и изнуда, каде, пред се, се користат ресурсите на извршната власт.
Бидејќи овој документ ќе биде јавно објавен, не ги наведов имињата и институциите на кои им ги пријавував кривичните дела на Душан Михајловиќ, ниту потенцијалните сведоци и нивните адреси. Но, јас сум подготвен да му ги претставам и предадам на обвинителството во непосреден контакт, како и целокупната потребна документација.

Истакнувам дека ја поседувам скоро сета СМС коресподенција со Душан Михајловиќ, датумите и времето на неговите телефонски јавувања, снимените разговори (некои аудио и видео), записници направени од страна на адвокатите, потписи и изјави од сведоците, бројни хотелски и други сметки кои ги потврдуваат моите наводи во овој допис.

Сево ова сум подготвен да им го дадам на увид на претставниците на обвинителството, доколку сте подготвени по ова прашање на отворите истрага, која, повторувам, се води по службена должност!

(крај )

Поврзани новости