Ние сме најоштетена генерација, рекоа на протест средношколците

by Fokus

Кратење на материјалот во пресрет на државната матура, побараа денеска средношколците на протест пред Министерството за образование и наука. Причина за ова барање, како што велат, е што во изминативе четири години постојано имале прекин на наставата.

„Се усогласивме дека сме најоштетена генерција и не сме имале една цела година без прекин. Барање на скратување на материјалот е решение кое е ефективно за сите а ургираме истото побрзо да биде донесено. Алернатива на намалување на материјалот на матурата е скратување на интеренет предмет“, велат средношколците.

Тие денеска протестираа заедно со студентите, незадоволни од односот на образовните власти. Бараат зголемување на субвенционираниот студентски оброк, почитување на рокот за исплата за стипендиите, кои велат им доцнеле шест месеци. Освен тоа бараат и реновирање на студентските домови, а тоа го искажаа со транспарентот „Хациендите ваши за студентските домови наши“.

Од „Студентски отпор“ порачаа дека нивната борба не завршува со овој протест.

„Барањата од кои нема да отстапиме се:
1. Зголемување на сумата на студентскиот оброк на 150 денари, системско решение и гаранции за навремена исплата
2. Јасни рокови за итна реконструкција на студентските домови
3. Навремена исплата на стипендиите и изедначување на истите
4. Формирање на работни групи за дигитализација на универзитите
5. Средба со МОН и учество на наши членови во работни групи кои ќе се формираат според нашите барања и услови
Исто така, во наредниот период освен протести и блокади ќе разгледаме и други начини на делување и дејствување.
Отпорот продолжува!“, порачаа од таму.

Поврзани новости