Неготинци хоспитализирани во болница во Кавадарци откако биле прегазени од моторџија

by fokus

Вчера околу 19.25 часот, моторџија од Неготино удрил во двајца пешаци од истиот град, при што со тешки повреди биле пренесени во болницата во Кавадарци

„На 08.07.2019 година во 19.25 часот на ул.„Маршал Тито“ во Неготино,  Б.М.(24) од Неготино, управувајќи мотоцикл „Кавасаки 300“ со бугарски регистарски ознаки, удрил во А.М.(52) од Неготино и С.А.(51) од Неготино. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле А.М. и С.А. и биле пренесени во болницата во Кавадарци. Увид на местото на настанот  извршила екипа од Полициската станица Неготино“, велат од МВР.

Поврзани новости