Не треба ни да се помисли за заедница на албански општини, а не пак да се промовира, велат од ЛДП

by Fokus

Во едно мултиетничко развиено општество не треба да се помисли на заедница на албански општини, а уште помалку да се промовира, реагираат од Либерално-демократската партија (ЛДП), откако со ваква идеја вчера излезе партијата Алтернатива.

„Потребни се иницијативи кои ќе ги поттикнат граѓаните на единство и кои ќе стимулираат да зборуваме за квалитет и развој, а не за поделби по било какви основи. Не само што не треба да се спомне, туку не треба ни да се промовира иницијативата за ’Асоцијација на албански општини‘ во Северна Македонија затоа што тоа е чин кој создава групирања и поделби и се коси со вредностите за либерално-демократско, европско општество кон кое се стремиме“, велат од ЛДП.

Според партијата, во време на европски интеграции, ваквите иницијативи водат кон создавање на нови поделби, а не на заедништво. Северна Македонија, велат оттаму, е мултиетничко општество во кое не живеат само Албанци туку и Турци, Бошњаци, Власи, Срби, Евреи, Роми и други заедници.

Поврзани новости