Почина постариот брат на Мадона

by Fokus

Ентони Чиконе, постариот брат на познатата пејачка Мадона, починал вчера на 67-годишна возраст, пишува extratv.com.

Ентони живеел со неговата друга сестра, а познато е дека имал проблеми со алкохолизмот.

„Ентони Џерард Чиконе почина минатата вечер. Го познавам од 15 години, толку години поминаа од пролетта на нашите животи во Мичиген“, објави сопругот на сестрата на Мадона.

Ентони долго време се борел со алкохолизмот, а пред повеќе од 10 години беше објавено дека со години живее под мост во Мичиген и дека неговото семејство престанало да му помага.

 

Поврзани новости