Напад врз редакцијата на најтиражниот холандски весник, комбе се заби во зградата на „Де Телеграф“

by fokus

Холандската полиција соопшти дека комбе удрило во влезот на зграда каде што се наоѓа националниот весник Де Телеграф, по што избувнал пожар.

Во инцидентот, што се слчи во предградие на Амстердам, нема повредени. Главниот уредник на весникот Пол Јансен, наведува дека наводно тоа бил намерен напад.

– Ние нема да дозволиме тие да ни плашат, рече Јансен, додавајќи дека „јасно е дека немаат сите пријатели”.

Холандски медиуми јавуваат дека дека патеката по која се движело комбето покажува дека возачот намерно удрил во зградата.

Возачот заедно со соучесник по инцидентот, што се случил околу четири часот наутро, избегал со друго возило.

Тој весник е најтиражен во Холандија.

Поврзани новости