ВИДЕО Ципрас пречекан со извиците „предавник“ во Лондон, грчката дијаспора фрли пари во знак дека го продал името

by fokus

Грчката дијаспора вербално го нападна вчера премиерот на Грција, Алексис Ципрас, за време на неговата посета во Лондон. Грчките иселеници извикуваа „Предавник“, „Македонија е продадена“, „Срам да ти е“.

Демонстрантите фрлија и пари на улица во знак на обвинување дека Ципрас го продал името во замена за олеснување на долгот.

И покрај тоа грчкиот премиер ја задржа насмевката, влезе во неговото возило и се одвезе додека граѓаните продолжуваа да извикуваат.

Грчкиот дневник „Прототема“ јави дека Грците се собрале пред зградата каде Ципрас се сретна со претставници на грчката дијаспора.

Фото и видео: greekreporter.com

Поврзани новости