Наместо да одговори за Мира Стојчевска, СДСМ зборува за партизацијата на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

СДСМ попладнево испрати реакција на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ на која открија дека освен синот, и братот на пратеничката Мира Стојчевска бил вработен во РЕК Битола. Во реакцијата од владејачката партија нема одговори на кој начин и зошто се вработуваат членови на семејствата на нивните функционери, ниту одговори конкретно за пратеничката Мира Стојчевска.

-ВМРО-ДПМНЕ е симбол на партизација на институциите, во државната администрација не смее да има политика, притисоци и реваншизам. Не постои поголемо лицемерие од тоа ВМРО-ДПМНЕ да зборува за вработувања во администрација, кога токму таа партија е симбол на непотизам и масовна партизација на државните институции. Токму ВМРО-ДПМНЕ во октовмри 2012 година само преку еден оглас во РЕК Битола вработи 625 партиски кадри, сите според списоци по Општински комитети и јавноста добро го памети тоа, се вели во реакцијата на СДСМ.

Понатаму во соопштението, од СДСМ тврдат дека денес процесите за вработувања биле законски, јавни и транспарентни.

-Сите вработувања се согласно план, потреба и програма на самата институција, а за сите кандидати важат еднакви услови и критериуми. Секој има еднакви можности за работа. СДСМ останува доследен на одамна искажаниот став дека во државната администрација нема и не смее да има реваншизми, притисоци и политика. Секој има право да членува или да не членува во политичка партија, но тоа право никако нема и не смее да се доведе во врска со работното место. Секој кој има квалитети, без разлика дали е или не е член на која било партија има еднакво право да добие работно место, а со тоа и сериозна обврска своите работни задачи да ги извршува на професионален начин. Започнат е процес на деполитизирана и департизирана администрација. Тоа значи вработувања според мерит систем, а не според политика или партиска припадност. Во јавниот сектор, во државните институции и претпријатија, мора да се работи според мерит систем и според потребите на граѓаните, бидејќи институциите постојат за граѓаните, а не обратно, тврдат од СДСМ.

Поврзани новости