Наместо да чека интервју, Пендаровски досега требало да бара екстрадиција на Палевски од Ердоган, реагира ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Наместо да чекал интервју каде ќе соопшти дека ќе бара од Ердоган екстрадиција од Палевски, тоа до сега требало да го направи, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ за најавата на претседателот, Стево Пендаровски дека ќе му испрати порака на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган за побрза екстрадиција на првоосомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски-Палчо.

-Аналитичарот Пендаровски 5 години не успеа да создаде авторитет кај СДС и ДУИ кои очигледно не го регистрираат, наместо по телевизии да се надева дека нема да му праќаат закони со европско знаменце, подобро ќе беше јавно на прес конференција да го изрази своето негодување со ноншалантниот однос на власта и злоупотребата на европското знаменце за секој закон од кој имаат бизнис интерес. Во однос членовите на Судскиот Совет, наместо мислења дека било добро, треба да им се извини на граѓаните, зошто тој пет години е дел од луѓето кои се заслужни за довербата од 2% во судството, се вели во реакцијата за интервјуто на Пендаровски кое беше емитувано вечерва на МРТ 1.

Поврзани новости