Битиќи „за“ укинување на позицијата прв вицепремиер и предлог во ист ден да се изгласа и нова влада и уставни измени

by fokus

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи смета дека процесот на уставни измени не е мртов и вели дека ако постои деловничка можност по изборот на техничка влада на 28 јануари, веднаш на истата седница да се стават и амандманите за устави измени.

– Ако постои можност јас мислам дека најдобро е откако ќе биде изгласана техничката влада во ист дена да се стават на гласање и уставните измени – изјави Битиќи во емисија на Телевизија 24.

Тој порача дека треба да размисли за укинување на позицијата прв вицепремиер на која сега се наоѓа Артан Груби. Според него, оваа позиција е воведена како резултат на политички догиовор, но и дека СДСМ во договор со коалиционерите размислува за намалување на министерски места.

Во однос на претседателскиот кандидат тој рече дека 61 пратеник бараше друг претседател кој ја направи државата заробена.

– Тоа е матрицата на таа политичка партија. Не калкулирам со бројки, знам дека сме докажале дека имаме коалициски капацитетт и ќе го предводиме европскиот фрон и тој ќе бидеп обедник н а следните избори ио ќе владее до 2028 и ќе ја донесе државата до ЕУ. Пред победата на парламентарните избори, нашиот кандидат за претседател ќе добие мандат за наредните пет години. Оставам да ги видиме резултатите на 8 мај, рече Битиќи.

Поврзани новости