Пендаровски: Во моментов шансите повторно да се кандидирам за претседател се поголеми отколку да не се кандидирам

by fokus

Актуелниот претседател Стево Пендаровски сè уште не донел одлука дали ќе се кандидира за втор мандат на претстојните претседателски избори закажани за 24 април и за 8 мај. Засега, вели Пендаровски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, шансите се поголеми да се кандидира отколку не.

-Ако ме прашувате денес, декември, шансите да се кандидирам се поголеми отколку да не се кандидирам, рече тој.

Прашан за тоа дали договорот меѓу партиите за двојни избори на 8 мај му одговара нему лично ако биде кандидат, Пендаровски коментира:

„Не верувам дека ми одзема или додава било што. Истото го мислам и за останатите потенцијални кандидати. Не може никој да ме убеди дека ако вие имате рејтинг или немате рејтинг во април, тоа ќе го изгубите или додадете во јуни. Или имате или немате“.

Неговата одлука за евентуална нова кандидатура вели дека ќе зависи од поддршката од партиите, но и од граѓанскиот блок.

Поврзани новости