Најлош роденденски подарок: Скопјанецот Иван за хоророт доживеан во Грција

by Fokus

Скопјанецот Иван (30) кој минатиот месец заедно со пријателите исчезна на отворено море од плажата Мити на Халкидики, но беше спасен по 20-тина часа од грчките спасувачки служби, ја раскажа својата шокантна приказна за преживувањето и спасувањето.

Тој за телевизија СКАИ ги пренесе своите најлоши моменти од тој настан и во еден момент помислил дека нема воопшто да биде најден.

„Вториот ден кога видов дека сите бараат по околните места и тогаш сфатив дека веројатно нема да ме најдат. Беше разочарувачки. Поминаа 20 скоро 21 час. Тоа беше најлошиот роденденски подарок, во смисла на хоророт низ кој поминав“, додава тој.

Поврзани новости