Нафтата гори споро, сомнително е зошто толку брзо изгорел автобусот

by fokus

Нафтата не гори толку брзо и се отвора простор за сомнеж зошто толку брзо изгорел автобусот, изјави Дејан Трпевски судски вештак за сообраќајни незгоди во дебата на Телма по шпекулациите дека во автобусот што изгоре во Бугарија имало туби со нафта.

-Информации за нафта и пиротехника има по медиуми, ама треба да се почека истрагата. Органите ќе треба да приберат докази и да кажат дали постои простор за тоа. Видовме по порталите дека некој видел некакви туби, поверојатно е да се пластични канти, но тоа е во сфера на шпекулации. Не знаеме што е останато и што е изгорено. Материјалните траги се 99% уништени, изјави тој.

Според него во оваа ситуација кога цело возило е изгорено тешко е за прибирање на докази и вели дека можно е никогаш да не се дознае зошто толку брзо изгорел автобусот и зошто толку брзо се проширил за патниците да не можат да имаат време да избегаат.

Поврзани новости