На местото на соборениот споменик на Ленин, Украинците ќе го постават Аминта Трети

by lali

На тој начин Украина би фатила чекор со модерните демократии во светот каде што Ленин одамна е заменет со Аминта Трети. Еден милион демонстранти кои се на улиците на украинскиот главен град и милиони кои ги поддржуваат ширум земјата се решени еднаш засекогаш да раскрстат со комунистичкото минато и да ги пронајдат своите антички македонски корени.

Како што научната јавност знае, а неодамна потврди и археологот Крешо од Хрватска, Словените се всушност антички Македонци.

Првите луѓе на ЕУ на последниот европски самит во Брисел констатираа дека вратите на Унијата за Украина остануваат отворени, но потенцираа дека соборувањето на еден споменик не е доволно, треба да се преименуваат и сите улици кои го носат името на предводникот на комунистичката револуција.

Поврзани новости