Нашиве не биле на погребот на Мандела зашто им се расипал фотоапаратот

by lali

Имено, фотоапаратот на премиерот Груевски се расипал непосредно пред патувањето, а шефот на државата не стигнал навреме да го поправи.

Како што можеше да се види од фотографиите на светските новински агенции, ниеден државник не отиде на погребот без фотоапарат. Особено активен беше американскиот претседател Барак Обама, кој направил вкупно 16 гига фотки од погребот. За жал, мемориската картица на Обама ќе остане “ускратена” за една од најбитните планирани фотографии – онаа со македонскиот државен врв.

Наводно, вчеравечер, Хорхе добил и СМС од Обама со следнава содржина: “Требаше да дојдете, ќе се сликавме со мојов”, на што Хорхе кратко му одговорил: “Здравје, друга прилика”.

Поврзани новости