На 3 февруари пресуда за Шуклев и другите професори од Еразмус

by fokus

На трети февруари поранешниот декан и професор на Економскиот факултет, Бобек Шуклев и другите обвинети професори и демонстраторот ќе ја слушнат пресудата за случајот Еразмус во којшто се обвинети и се товарат за земање пари од студенти за полагање на испити.

Шуклев, иако претходно бил предложен како сведок денеска неговата одбрана го повлече овој предлог иако на минатото рочиште сопственикот на бифето во Економскиот факултет, Дејан Трајковиќ, го обвини, дека барал секс и пари од студентка за да положи испит.

На денешното рочиште сведочеа двајца обвинети, демонстраторот Драган Денковски и професорот Стојан Дебарлиев. Денковски негираше дека имал било какво влијание врз професорите за да може да издејствува полагање на испит. Тој само бил задолжен да внимава на студентите да не препишуваат на испит. Во бифето седел често и признава дека имал ургенции од Трајковиќ.
– Тој им беше како адвокат на студентите, дури ме имаше и прекорувано кога некој од студентите ќе добиеше пријава за препишување. Ми велеше знаеш дека ми е блиска, зошто сте ја казниме, сведочеше Денковски, спротивно на тврдењето на Трајковиќ дека токму Денковски бил главниот посредник.

Професорот Дебарлиев пак тврдеше дека со студентката имал коректен однос и дека често доаѓала на консултации кај него, но се било во рамки  на неговите надлежности.

На 10 јануари сите обвинети ќе ги кажат своите завршни зборови.  Днеска беа изведени сите предложени докази на одбраната и дополнение на доказна постапка по предлог на одбраната и   доказната постапка е заклучена.Термините за завршни зборови и рамковен датум за објава беа утвредени со согласност на странките кои немаа други предлози во доказна постапка и дополнение на доказната постапка.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости