Мицкоски: Забелешките за СЈО не значеа барање да се спаси Орце Камчев

by Frosina Fakova

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски ја потврди автентичноста на разговорот меѓу него и и Зоран Милески – Кичеец, што денеска беше објавена на Јутјуб и рече дека тоа е само еден разговор од кој се сечат и монтираат парчиња по потреба на СДСМ.

Тој го коментираше делот во разговорот каде вели дека бизнисменот Орце Камчев му помогнал да ги плати долговите на партијата и рече дека партијата била во незавидна положба по блокирањето на имотот.

-Јас сум го кажал тоа и во разговорот, дека кога ја преземав ВМРО-ДПМНЕ пред точно 30 месеци, партијата беше во незавидна финансиска ситуација, со блокиран имот од истата онаа судијка Димишкова која е сестра на оној адвокат Димишков, кој го слушавме како бара шест милиони евра од познат бизнисмен за да биде ослободен од притвор. Да, во тој момент имавме сериозни потешкотии, нешто слично претпоставувам како што ќе ја затекнеме државата после 15 јули, истакна Мицковски.

Според Мицоски, забелешките на ВМРО-ДПМНЕ за работата на СЈО не значеле барање начин Орце Камчев да се спаси од обвиненијата.

-ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се противело на работата на Специјалното јавно обвинителство, но и во минатото и сега ќе повторам, кога тоа беше оперативно имаше сериозни индиции за злупотреба и политичко влијание. Тоа се потврди преку она „Луј Витон“ куферче, преку оние разговори што минатото лето јавноста можеше да ги види. Всушност се потврдува на секојдневна основа дека еден од осудените во случајот „Рекет“ доби смртни закани, при што неговиот адвокат ги пренесе во јавноста, дека треба да молчи и да не кажува многу. Она што ние го знаеме, а се шушка гласно во кулоарите на Обвинителството, е дека Бојан Јовановски поднел неколку десетици кривични пријави против највисокото раководство на СДСМ и многу видни членови за злоупотреба, измама, криминал и корупција. Сепак, Обвинителството, вакво какво што е предводено од Вилма Русковска, тоа нема да го дозволи, истакна Мицковски.

Поврзани новости