Пет пациенти починале во Тетово, еден на Инфективна и тројца во „8-ми Септември“

by Frosina Fakova

Во последните 24 часа починаа девет лица од Ковид-19, шест пациенти од Тетово и тројца пациенти од Скопје.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 79 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се две лица од Скопје на возраст 58 и 81 година и пациент од Тетово на 58 години. Во Тетово починати се пет лица на возраст 63, 60, 77, 72 и 69 години, велат од Министерството за здравство.

Досега се регистрирани 277 смртни случаи во земјава.

Поврзани новости