Нови 150 заразени со Ковид-19, девет починати

by Frosina Fakova

Во последните 24 часа регистрирани се 150 нови случаи на Ковид-19, а девет пациенти починале, соопштуваат од Министерството за здравство.

Најмногу заразени, 93 има во Скопје, седум во Куманово, тројца во Штип, четворица во Прилеп, 12 во Тетово, тројца во Струга, еден во Битола, деветмина во Охрид, тројца во Гостивар, еден во Кочани, осуммина во Кичево, петмина во Ресен, еден во Неготино.

Починати се девет лица, шест пациенти од Тетово и тројца пациенти од Скопје.

Направените 1086 теста се преку: ИЈЗ –527, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –95, Биотек –125, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори) -171, Судска медицина-4,  Систина  со PCR метода -134 и ЦЈЗ Битола-30. Досега во земјата се направени вкупно 57.895 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5906, бројката на оздравени пациенти е 2236, на починати е 277, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3393.

Поврзани новости