Мицкоски за Ковачевски: Наместо како кукавица да коленичи под фустанот на ДУИ, нека излезе на избори

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека премиерот Ковачевски имал чудна смисла за хумор.

„Но, има само еден начин тоа да го покаже и докаже, наместо како кукавица да биде под фустанот на коалициониот партнер ДУИ, нека излезе на избори и ќе видиме кој кого ќе победи и какви ќе бидат резултатите, порача Мицкоски.

Тој додаде дека се додека Ковачевски како кукавица се крие под фустаните на ДУИ, тој ќе остане само на кукавички заканувања.

„Се додека е како кукавица и коленичи под фустаните на поголемиот коалиционен партнер во Владата, а тоа е ДУИ за жал ќе остане само на кукавички заканувања, а во суштина делата ќе изостанат“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека има мали карактери кај кои што проработува филозофијата на нивната фрустрација и честопати знаат таа фрустрација и во јавност да ја артикулираат.

„Еве јас го повикувам еднаш да се охрабри и да не биде кукавица, да не биде сокриен под фустаните на коалиционите партнери и нека излезе на избори за да се соочиме пред граѓаните. И да видиме кој е тој, дали тој навистина ќе не победи, или пак резултатот ќе биде поинаков. Нека не чека, ние сме подготвени уште утре да се распушти Парламентот и веднаш да одиме на избори“, нагласи Мицкоски.

Поврзани новости